Најавен нов Audi RS3

Audi најави дека новиот RS3 (направен на платформата VW MQB) ќе ја има својата премиера во текот на летото, кој ќе биде достапен во верзиите Sportback и Sedan.

Новиот RS3 се одликува со 2,5-литарски петцилиндричен турбо мотор со околу 400 КС и вртежен момент од 480 Nm, менувач со двојна спојка, погон на сите четири тркала, комплет aero body kit, предна саќеста решетка на маската, ознаки на RS, поголеми алуминиумски тркала, прилагодлива спортска суспензија , torqe vectoring систем, посилни сопирачки, спортски издувен систем, како и рафиниран ентериер со спортски седишта, спортски волан, алуминиумски педали, 10,1-инчен инфо-забавен систем и дигитална табла со инструменти.

Забрзувањето до 100 км на час треба да трае околу четири секунди, а максималната брзина 250 км на час (по избор 280 км на час).

Што се однесува до цената, таа може да започне под 60.000 евра во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Sky Sphere Concept

Fiat Pulse – внатрешност

Новиот Subaru WRX најавен за 19 август

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот

Alpinа B4 Gran Coupe

Пристигна новиот CITROËN C3 AIRCROSS SUV

Најавен и EQS луксузен SUV на Mercedes-Maybach

Fiat Centoventi – новата Pandaпристигнува идната 2022 година!

Great Wall Tank 600