Најавен нов Honda –EV concept

Honda најави дека ќе го изложи своето ново концепт возило на претстојниот саем за автомобили во Пекинг што ќе се одржи од 26.овој месец септември, до трети октомври годинава.

На тизер (најавната)  сликата е новиот концепт електричен автомобил на Hondа (неговото име сè уште не е објавено), за кој се вели дека ќе го објави идниот сериски електричен модел за кинескиот пазар.

Како што се очекуваше, овој Honda EV би можел да биде седан или crossover-coupe, но деталите за тоа допрва следуваат.

Во секој случај, автомобилот има LED фарови, LED светла за магла и алуминиумски тркала.

Исто така, Honda во Пекинг ќе го изложи CR-V PHEV со plug-in хибриден погонски систем, како и повеќе  модели за кинескиот пазар, заедно со возилата на Acura.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo планира да издаде зелени обврзници

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите