Најавен нов Maserati GranTurismo

Минатата година Maserati ги објави своите планови за неколку нови возила за кои се најавува дека ќе се развиваат, електрификуваат и произведуваат во Италија…

Станува збор за модели со комбинација на типични карактеристики на возење Maserati и батерии од следната генерација, кои ќе овозможат долг опсег и можност за брзо полнење.

Се разбира, не се објавени сите детали, но најавено е дека тој ќе има водечка улога за брендот благодарение на иновативните технологии.

Новата генерација на модели GranTurismo и GranCabrio се очекува да бидат во продажба следната година, со најава дека се планираат и електрични верзии со додавање на Folgora во нивните имиња.

Овие електрични модели ќе имаат 800V технологија и капацитет на полнење до 300 kW.

Најавата вклучува и нови тизер слики на маскираниот тест модел, кои откриваат дека новиот GranTurismo ќе преземе одредени детали за стилот од топ моделот MC20.

Покрај електричната верзија (наводно со околу 650КС), новиот GranTurismo ќе биде достапен и со 3.0-литарски twin –turbo мотор со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V.

Италијанска луксузна спортска марка под капата на Stellantis ја чека светла иднина, барем од тоа што досега „протече“ од плановите на Групацијата за овој бренд со стилизиран трозабец на богот на морињата во своето лого.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Sky Sphere Concept

Fiat Pulse – внатрешност

Новиот Subaru WRX најавен за 19 август

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот

Alpinа B4 Gran Coupe

Пристигна новиот CITROËN C3 AIRCROSS SUV

Најавен и EQS луксузен SUV на Mercedes-Maybach

Fiat Centoventi – новата Pandaпристигнува идната 2022 година!

Great Wall Tank 600