Најавен нов Volkswagen Multivan

Со неколку цртежи, Volkswagen ја најави новата генерација на Multivan (генерација Т7), чија премиера се очекува наскоро….

Треба да се напомене дека сегашниот T6.1 сепак ќе остане во понуда (барем за некое време), како робусно комерцијално возило (и во верзија со погон на сите тркала).

Засега е познато дека Multivan T7 доаѓа на прилагодена платформа MQB, па затоа опсегот на моторот треба да вклучува бензин, дизел и верзија со погон на природен гас (сепак официјалните детали за погонските единици допрва следуваат).

Покрај тоа, некои претходни соопштенија спомнуваа и изведба со plug-in хибридна варијанта на погонот.

Сепак, од фабриката тврдат дека Multivan T7 ќе биде попрактичен од кога било и ќе има попространа внатрешност.

Седишта од втор ред што може да се вртат за 180 степени, технологија „Shift-by-wire“, 10.0-инчен мултимедијален систем, автоматско паркирање.кочница, LED светла, стандарден менувач DSG, панорамски покрив…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Наскоро мал SUV на Fiat

Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Aiways U6

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година

И официјално нова Honda Civic

Lamborghibi Squadra Corse најавува нов модел