BMW не е во мирување, па набрзо по новата Series 7 и електричниот i7, својата премиера ќе ја има новата генерација на BMW X1….
Промоцијата на новиот X1 се одржа на 2 мај. Да потсетиме, BMW на почетокот на годинава објави дека целосно електричната верзија на новата генерација X1 ќе пристигне на крајот на оваа година. Станува збор за BMW iX1, а неговата премиера ќе следи набргу по оваа на стандардниот BMW X1, кој ќе биде достапен покрај верзиите со мотори со внатрешно согорување, во Plug-in Hybrid издание.
Најавена е најава за тизер слика која го открива предниот дел на iX1
Говорејќи на годишната конференција на BMW, Оливер Ципс (Oliver Zipse), претседател на одборот на директори на BMW AG, рече дека iX1 ќе се појави во текот на оваа 2022 година.
Тој исто така откри дека X1 / iX1 ќе ја наследи најновата технологија за поврзување.
Се споменува и дигиталниот заоблен дисплеј и Оперативниот систем 8.
BMW iX1 е најавен како „простран, но компактен“ што ја потврдува информацијата за зголемениот простор во кабината во однос на актуелниот X1.
Засега не е познато колкава моќ ќе има iX1, но познато е дека ќе биде опремен со петтата генерација на eDrive технологијата.
Досегот со една наполнета батерија би требало да биде 412-438 km според WLTP нормите.
Стандардниот X1 ќе биде достапен со бензин, дизел и Plug-in Hybrid погон, благодарение на флексибилноста на надградената платформа UKL / FAAR што ќе се користи во сите компактни модели од BMW и Mini, вклучувајќи го и Countryman.
Една од понудените верзии ќе биде X1 M135i xDrive, додека повеќе детали допрва следуваат.