Најавен петтиот член на ID. Семејството- Roomzz Concept

Од Volkswagen потврдија дека петтиот член на ID семејството на електрични автомобили ќе биде голем SUV, што ќе биде прикажан на салонот во Шангај  во фора на ID Roomzz Concept…

Новиот SUV е закажан за 2021 година и прво ќе бие лансиран а пазарот во Кина.

Објавените скици на ID Roomzz навестуваат голема, мускулеста пропорција.

Од Volkswagen тврдат дека може а очекуваме нов тип на конфигурација на седење со високо ниво на регулација.

ID Roomzz e базиран на зголемената верзија на платформата MEB на  Volkswagen, a се очекува дека ќе има три реда на седишта.

Во однос на погонскиот систем, може да очекуваме електрично ергеле со 369 KС добиени од два електрични мотори поставени на предната и на задната оска.

Неодамна покажаниот ID Buzz Cargo и неговата продолжена платформа овозможуваат поставување на батерија од 111 kWh и автономија на возење со едно полнење на истата од 550 km, a слична поставка  можеби ќе се најде и во ID Roomzz.

Од VW сега потврдија пет сериски модели што ќе бидат дел од ID семејството, од кои прв е покажан  hatchback со големина на Golf на  минатогодишниот салон на автомобили во Франкфурт.

Малиот SUV базиран врз ID Crozz концептот треба да стаса тековната 2020 година, по што пристигнува и сериската верзија на ID Roomzz во 2021година. Во 2020 година, VW ќе го лансира и духовниот наследник нa Microbus во ви на сериска изведба на ID Buzz концептот, a во 2022 гоина можеме  а очекуваме и седан модел во ви на ID Vizzion концепт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?