Најавен SsangYong Torres

Новиот SUV модел на Ssangyong (порано познат како проект J100) ќе се појави на пазарот подоцна оваа година под името Tores…

Станува збор за теренец со средна големина, со најава дека неговата електрична варијанта треба да пристигне следната 2023 година.

SsangYong наведува дека Tores е првиот модел кој ја одразува новата дизајнерска филозофија на брендот „Powered by Toughness“.

Tores е дизајниран да ја пополни празнината помеѓу SUV моделите како што е Korando и големите теренци како Rexton.

Tores ќе биде во претпродажба од јуни, најпрво се разбира на домашен терен –  во Јужна Кореја.

Исто така од SsangYong најавуваат дека работи на својата електрична верзија, проект со внатрешно кодно име – U100.

Оваа верзија би требало да биде готова до крајот на наредната 2023 година, но други детали се уште не се познати.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Се продава редок Lamborghini Jarama

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail