Најавена електрична Kia EV9

Концептот EV9 на производителот од Јужна Кореја – Kia беше претставен во средината на ноември 2021 година на саемот за автомобили во Лос Анџелес, а неговата сериска верзија ќе пристигне на европскиот пазар во првиот квартал од следната година…

Со целосно наполнета батерија, EV9 според некои претходни најави ќе има максимален опсег на возење од приближно 540 km.

Очекувано, гамата треба да вклучува основна верзија со еден електричен мотор на задната оска, како и варијанта со два електромотори и погон на четири тркала.

EV9 очигледно ќе биде најголемиот електричен SUV модел во нивната гама.

За потсетување, концептот EV9 е долг 4930 mm, широк 2055 mm, висок 1790 mm и има меѓуоскино растојание од 3100 mm.

EV9 ја користи дизајнерската филозофија на Kia „Opposites United“, се базира на платформата E-GMP развиена во соработка со Hyundai и има електричен систем од 800V.

Што се однесува до внатрешноста, на патниците ќе им понуди „спокојство, смиреност и благосостојба“.

Покрај тоа, серискиот модел очигледно ќе има и технологија за автономно возење Automode.

На почетокот на оваа година, Kia ги објави и своите планови за електрична енергија, кои предвидуваат 14 нови електрични возила до 2027 година.

Со зајакнување на понудата на електрични возила, јужнокорејскиот бренд има за цел да постигне годишна продажба на електрични автомобили од 1,2 милиони до 2030 година.

Тоа е 36 отсто зголемување во однос на претходната обврска што компанијата ја презема.

Голем дел од овие продажби, околу 80 отсто, ќебиде во Северна Америка, Европа, Јужна Кореја и Кина.

Во овие региони, компанијата предвидува дека 45 отсто од возилата што ќе ги продаде до крајот на деценијата нема да имаат мотор со внатрешно согорување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебитира BMW XM

Обновен DS 3

Претставен Chery Arrizo 8

Новиот Range Rover Sport – Претставен во Македонија

Acura ARX-06

Chevrolet Silverado ZR2 Bison

Buick Envista

Koenigsegg CC850

Ford Territory