Најавена нова Kia Niro

Неколку затемнети тизер слики и кратка најава пристигнаа од Kia, кои потврдуваат дека новата, втора генерација на моделот Niro, ќе биде претставена подоцна тековната недела.

Поточно, промоцијата ќе се одржи утре на 25 ноември на саемот во Сеул, но конкретни технички детали засега не се соопштени.

Во секој случај, по пет години, актуелниот Niro добива наследник, во форма на компактен електрифициран crossover чиј изглед ќе биде инспириран од дизајнот на концептот HabaNiro за 2019 година.

Од друга страна, внатрешноста ќе биде изведена по примерот на електричниот Kia EV6.

За разлика од EV6 кој се базира на платформата E-GMP, новиот Niro сепак ќе има платформа која првично беше направена за возила со мотори со внатрешно согорување.

И покрај тоа, новиот Niro ќе биде поефикасен од претходниот модел, според најавите од корејската фабрика.

Очекувано, новото Niro на купувачите ќе им биде понуден во хибриден, plug-in хибрид и во целосно електрична варијанта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период