Најавни тизери за Maserati Ghibli Trofeo и Maserati Quattroporte Trofeo

Перформанс линијата на Maserati се проширува откако компанијата ја објави првата тизер фотографија за Quattroporte Trofeo и Ghibli Trofeo…

Ghibli Trofeo и Quattroporte Trofeo ќе бидат претставени за две недели, на 10 август, а овие модели ќе ги следат стапките на Levante Trofeo кој беше претставен во 2018 година.

Maserati не откри многу детали за овие перформансни седани, но Levante Trofeo се карактеризира со 3,8-литарски битурбо V8 мотор кој испорачува 590 КС и 730 Nm максимален вртежен момент.

Тоа на тој crossover му овозможува да го постигнува забрзување  од 0 до 100 ккм/ч за 3,9 секунди, а максималната брзина е поголема од 300 км/ч.

Останува нејасно дали Ghibli и Quattroporte Trofeo ќе го користат истиот мотор, но според претходните информации, Maserati се оддалечува од V8 моторите на Ferrari.

Наместо тоа, идните модели на компанијата најверојатно ќе го користат новиот 3,0-литарски V6 мотор на Maserati, наречен Nettuno.

Новиот мотор ќе го напојува MC20 спортскиот автомобил каде што ќе произведува 630 КС и 730 Nm максимален вртежен момент.

Според некои најави, истиот мотор во Ghibli и Quattroporte ќе испорачува 530 и 580 КС.

Без оглед на тоа што ќе се наоѓа под хаубата, можеме да очекуваме новите Trofeo варијанти да имаат агресивен екстериер.

Тизер фотографијата не открива премногу, но Levante Trofeo поседува црна решетка и спортски отвори за воздух.

Исто така може да се воочат и масивните тркала, карбонските акценти и издувен систем со четири издувни цевки…

Моделите би можеле да имаат и некои специјални детали во ентериерот направени од карбон, заедно со специјални спортски седишта со Trofeo детали, а можеби и некоја нова боја или комбинација на бои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !