Најбарани „олдтајмери“ во Германија

Како земја со исклучително техничко наследство, особено во областа на автомобилизмот, не е чудно што Германија има голем број регистрирани vintage (историски)  возила што се движат по тамошните патишта…

Од 1 јануари 1997 година, сопствениците на автомобили постари од 30 години во оваа земја можат да добијат таблички „H“ за своите автомобили, што укажува дека возилото е потврдено од музеј или автомобилски клуб дека е главно во оригинална состојба.

Предноста е што вкупните трошоци за регистрација се многу помали и не зависат од масата на автомобилот, волуменот и моќноста на моторот, како и класата на емисија.

Има убедливо најмногу Mercedes W123 со таблички „H“ (43.562 регистрирани), за кои, на пример, сопственикот плаќа осигурување од одговорност од само девет евра месечно.

 

Приближно, тоа претставува најголем дел од трошоците поврзани со регистрацијата.

Следниот олдтајмер по бројност со таблички „H“ е VW Beetle (43.192 регистрирани). Следува VW Transporter (T1, T2, T3 и T4) со 29.238 регистрирани примероци, потоа Mercedes SL, додека на петтото место е Porsche 911 (911, 993 и 996) со 21.774 регистрирани примероци.

 

На шестото место е Mercedes S Class, а Volkswagen Golf е на седмото место. По нив следат BMW Series 3 (Е21 и Е30), Mercedes 190 и Mercedes W 115 нагалено наречен „миника“ .

Се разбира, не сите сопственици на стари возила се префрлија на историски таблички, но многу од нив сè уште сакаат да ги задржат старите DIN таблички, како и да ја платат целосната цена на регистрацијата.

На пример, само 61 процент од сите регистрирани Mercedes W123 имаат таблички „H“.

Vintage ( старовремски) возилата се дефинитивно исклучително популарни и очигледно добро одржувани.

Од друга страна, просечната старост на возниот парк во Германија не е онаа што беше.

Така на пример, во 2012 година таа изнесувала осум и пол години, додека сега е 10,1 година.

Уште полошо е со мотоциклите и скутерите – нивната просечна возраст е дури 19,1 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept