Bugatti Chiron Super Sport има развиено 490 km/h и дефинитивно е побрз од кој било друг „стандарден“ сериски автомобил во светот, но на права линија прв е еден стар Ford GT од 2006 година што може да лета уште побрзо…
Американскиот супер автомобил што го гледате е во сопственост на Џони Бомер откако излезе од фабриката и се смета за еден од најбрзите улични легални автомобили во светот. Всушност, Бомер првично го купи овој автомобил од салонот за да се обиде со него да го собори светскиот рекорд од 482 км/ч. Оваа машина поминала низ неколку реинтерпретации низ годините до денес, но сосема е нејасно колкава дополнителна моќ има внатре, иако нема сомнеж дека се работи за вистинско чудовиште.
Бомер и неговиот тим неодамна отидоа на патеката за полетување и слетување во вселенскиот центарот за лансирање Кенеди за да го тестираат нивното ново подесување на чипови што неодамна беше применето на автомобилот. Оваа машина работеше толку добро за време на тестовите што Бомер реши да го турне гасот до крај и да види колку далеку е подготвен да оди. Пред конечно да ја тргне ногата од педалата, автомобилот достигна неверојатни 500 km/h, што го прави најбрзиот улично-легален автомобил на планетата.
Од друга страна, ова не е ниту соголено тркачко возило, бидејќи Bomer’s Ford GT со години остана целосно функционален автомобил, комплет со електронски прозорци, клима уред и аудио систем. Тој често го вози своето милениче во близина на неговиот дом на Флорида, дури и го носи детето со себе на училиште, се разбира кога ќе го врати совозачкото седиште, па ова чудовиште кое развива 500 km/h и е изградено во 2006 година, функционира совршено за секојдневна улични потреби.