Најдобри од најдобрите – најбезбедни автомобили во 2019 година

Најдобри од најдобрите „Best of the Best“: тоа се најсигурните автомобили што беа тестирани  во изминатата 2019-та годиа!

Од Euro NCAP објави кој, според него се најдобро оценети автомобили во своите класи за 2019 година.

Од страна на независната организација за безбедност на новите автомобили на Стариот континент лани биле оценети 55 автомобили, од кои 41 постигнале врвни оцени.

Тоа 2019 година ја прави една од најимпресивните од кога таа организација започна да ја оценува сигурноста на потрошувачите – купувачи на автомобили на пазарот во Европа.

О да откриеме кои модели според оваа организација се најбезбедни помеѓу најбезбедните:

Почнуваме со Mercedes-Benz што повторно дојде до титулата во класата на семејни автомобили..

Моделот CLA e спортска алтернатива на A Сlasѕ, победникот на ланскиот најдобар во класа со оцена повисока од 90 % во три од четирите области на оценување на безбедноста и тоа и донесе најдобра вкупна оцена во измината 2019 година.

Исклучително е и тоа што минатата 2019-та Mercedes-Benz лансира уште пет возила со пет ѕвездички, а сите имале исклучителна од судир и технологии за помош на возачот.

И Tesla годинава се покажа моќен на полето на безбедноста, па така Model X  победник во категоријата на големи „теренци“, a SEAT Tarraco го зазеде второто место.

Teslа Мodel 3 спаѓа во категоријата на електрични и хибридни возила  и заедно со BMW serieѕ 3 го споделува првото место во категорија на големо семејно возило.

Двата автомобили имаат идентични вкупни резултати, BMW има подобри резултати во однос на заштитата на пешаците, a пак, Tesla добива поени поради вградувањето на Safety Assist системот.

Новата, четврта, генерација на Škoda Octavia е исто така лидер во својата категорија.

Во комбинираната класа на мали теренци / моноволумени, јапонскиот Subaru победува со новата генерација на Forester, со извонредни сеопфатни перформанси.

Следат Mazda CX-30 и VW T-Cross, како многу блиски следбеници во оваа категорија.

 

Без оглед на тоа што не е на самиот врв, Mazda имаше одлична година, при што Mazda 3 поажа исклучителни перформанси во заштита на возрасни патници и го зазеде второто место, веднаш зад Mercedes-Benz CLA во категорија на мали семејни автомобили.

Во класата на мали градски возила две делат прво место; спортскиот  Audi A1 и најпродаваниот Renault Clio веќе со години се помеѓу најпопуларните и најпосакувани мали автомобили во Европа.

Нивните најнови генерации стасаа минатата 2019 година и еднакво се добри, велат тестовите на Euro NCAP.

Новата Ford Puma исто така е еден од подобрите во однос на перформансите кои се однесуваат на безбедноста во таа категорија.

Супер мини сегментот останува еден од нај конкурентните на автомобилскиот пазар на Стариот континент, што е илустрирано и со присутност на автомобили со три и со четири и со пет ѕвездички н листата во класата.

Па ако и можеме безрезервно да констатираме дека победниците во класите ги заслужуваат извонредните признанија за својот бескомпромисен став во однос на безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, односно во примената на најнапредните во моментот технологии за безбедност и за помош на возачот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата генерација на Ford Mondeo пристигнува 2021

Карлос Гон Nissan ќе банкротира за две до три години!

Голем трансфер во автомобилската индустрија: Шефот на SEAT на чело на Renault!

Брисел Осло и Париз ги протераа автомобилите од центар на градот

Ми-Да Гранд Моторс е новиот единствен овластен импортер HYUNDAI  во Македонијa

Tesla Model Y кон крајот на годинава

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра