Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Оваа листа е субјективна бидејќи знаењето за возење е тешко да се измери, но исто така има некои трендови, свесност за сообраќајот, опасности во сообраќајот…

Токму со овие елементи се зафатија експертите за автомобилско осигурување Compare the Market, кои сакаа да видат кои држави имаат најбезбедни, а кои најлоши возачи.

Со цел да се состави списокот на најдобрите и најлошите земји, тие разгледале голем број фактори, вклучувајќи ги ограничувањата на дозволената количина на алкохол во крвта, квалитетот на патиштата, статусот на темите за безбедност во сообраќајот на социјалните мрежи и бројот на смртни случаи предизвикани од сообраќајот на патиштата, пишуваат специјализираните портали.

На листата од 50 земји, најбезбедните возачи во светот се во Јапонија!

Нивото на лимитот на алкохол во крвта е прилично ниско и изнесува 0,03 g/dl, слично на Чиле и Чешка, а на социјалните мрежи има најпозитивно расположение за термините поврзани со возењето, 33,4%.

Јапонија го има и четвртото највисоко ниво на квалитет на патиштата на листата, што значи дека е многу безбедна земја не само за возење, туку и за пешаци.

Осум од 10-те најбезбедни земји се во Европа, а Холандија води на второто место – со 6,4 го има второто највисоко ниво на квалитет на патиштата, веднаш зад Сингапур со 6,5, а исто така има едно од најниските нивоа на смртни случаи од сообраќајни повреди во 100.000 луѓе.

Гледајќи на другиот крај на спектарот, Тајланд беше прогласен за земја со најлоши возачи во светот, со убедливо најголем број трагични смртни случаи во сообраќајот, 32 на 100.000 луѓе.

Перу се најде на второто место, со највисок индекс на сообраќај (220,4) и четврто најлошо ниво на квалитет на патиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…