Најголемиот конкурент на Tesla се уште не понудил целосно EV!?

CarGurus спроведе студија меѓу сопствениците на автомобили во САД за да открие колкав е уделот на оние што планираат да купат електричен автомобил, како и кои се главните фактори при изборот на автомобил….

Според информациите пласирани во специјализираните портали, добрата вест за сите производители на електрични автомобили е дека 52% од испитаниците изјавиле дека би купиле електричен автомобил во следните десет години, додека во следните пет години околу 30% од нив планираат да го сторат истото.

Како што се очекуваше, најпопуларен избор е Tesla Motors, чии модели беа споменати како една од опциите во 57% од случаите. И сега доаѓа изненадувањето. На второ место, како најголем конкурент, е Toyota, со 52%. Јапонскиот производител очигледно добро се рангира во Америка, и покрај фактот што воопшто не нуди електричен модел на пазарот.

Уште еден Јапонец е во врвот на желбите, имено Honda е третиот избор, следенa од Ford и Subaru. Интересно, 78% од купувачите кои планираат да купат електричен автомобил немаат специфичен фаворит и се целосно отворени во врска со изборот на производител.

И покрај „еко“ знакот на електрични возила, големите SUV и crossover модели сепак се прв избор. Pick –up возилата, инаку најпопуларните модели во Америка, не се многу популарни меѓу потенцијалните купувачи на електрични возила.

Што се однесува до факторите кои влијаат на изборот на електрични автомобили, повеќето од нив се бројот на станици за полнење и можноста за замена на батериите, проследено со сигурност, трошоците на сопственост, како и цената на самиот бензин.

На пример, ако цената на бензинот се искачи на 5 долари за галон, 57% од нив би отишле во насока на купување електричен автомобил. Ако цената скокне до 10 долари за галон, тој удел расте до дури до неверојатни 92%.

На крајот уште еден параметар за испитувањето, оваа годишна студија беше спроведена од CarGurus помеѓу 1.097 сопственици на автомобили.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили