Најмоќната Škoda во понудата на марката Enyaq Sportline iV 80x!

Не се ретки тие кои сонуваат за спортска Škoda, а денес овој сон продолжува ( и се исполнува) во сосема поинаква форма, во изведба со погон на струја како најсилна понуда на брендот….

Сега оваа желба се реализира преку електричен Enyaq кој добива специјална серија.

Врвното издание е именувано како Sportline iV 80x и претставува врвна изведба на електричниот crossover, a во многу што и на целата понуда на производителот на автомобили од Млада Болеслав.

Имено, посилна Škoda никогаш порано не била понудена на автомобилската сцена.

Благодарение на инсталацијата на два електромотори, погонот сега има максимални 265 КС и 425 Nm вртежен момент.

Задниот мотор испорачува моќност 204 КС и 310 Nm, а предниот моќност од 109 КС и 162 NM, тоа резултира со погон на сите четири тркала, на што се надоврзува и  капацитет на батеријата од 82 kWh .

Комбинација што нуди навистина примерни перформанси: досег нешто повеќе од 500 км, и секако брзо забрзување до ограничени, поради обезбедување на поголема автономија на возење со едно полнење на батериите, на 160 км/ ч .

Да речеме дека верзијата Sportline ќе се нуди и во послаби верзии со послаби мотори и помали батерии.

Надворешно гледано ќе може да го препознаете по спуштената шасија, 15 мм напред и 10 мм назад, и бандажи со дијаметар од дури 20 инчи (21 инчи со доплата).

Исто така, има карактеристични (специфични, поточно речено)  детали на каросеријата во блескав црн финиш, поголеми отвори за вшмукување на воздухот и спојлер на покривот.

 

Се разбира во стилот на се досега речено и стандардната опрема е побогата, така што во највисокото издание се вклучени целосни LED Matrix светлосни групи, потоа спортски управувач, информативно -забава систем со екран со големина од 13 инчи, спортски седишта ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замената за Chevrolet Camaro ќе биде електрична лимузина

Audi Sky Sphere Concept

Електричен Citroen DS

Bentley Bentayga со фелни од карбонки влакна

Fiat Pulse – внатрешност

Убавицата и Peugeot  208

Новиот Subaru WRX најавен за 19 август

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот

Alpinа B4 Gran Coupe