Најмоќниот Triumph на сите времиња- Rocket 3 TFC!

Тоа што тука го гледате е најсилниот мотоцикл што Triumph го направил во целата своја досегашна историја…!

Моќниот метален ат на две тркала на располагање има ергеле од 168 ждребиња што му испорачуваат максимален момент на вртење од 211,9 Nm, а сето „исцедено“ од масивниот агрегат со три цилиндри и работен волумен од 2.458 кубни сантиметри .

Моделот за кој ви зборуваме во оваа информација е Triumph Rocket 3 TFC.

Покрај сето погоре речено уште еднаш мораме да потенцираме дека станува збор за најсилниот кога и да е произведен Triumph – крузер.

Станува збор за машина што добила Triumph Factory Custom третман од производителот од Хинкли.

Во Triumph планираат да направат вкупно 750 примероци од овој модел, од кои 225 ќе бидат наменети за пазарот во САД.

Ексклузивноста на највисок степен ја донесува вртежниот момент кај еден сериски – производен агрегат, што воедно е и единица со најголема кубикажа, кај мотоциклите, досега, на пазарот.

Како и другите варијанти фикусирани перформансите и Triumph Rocket 3 TFC доаѓа со робустен пакет електроника, во која се вклучени ABS, контрола на пролизнување, quick shifter, TFT инструмент – табла и четирите мода на возење.

Сопирачките се  Brembo, со MCS главен цилиндер и Stylema предна вилица, додека потпирањето е направено во соработка со компанијата Showa и се состои од потполно адаптивен амортизер и вилушка.

Ликот на британската машина дополнително е потенциран со новите LED двојни фарови.

Новиот Triumph Rocket 3 TFC e тежок околу 295 kg, што е за околу 40– kg помалку одошто кај неговиот претходник.

Веќе се стартувало со прифаќање на нарачките, a првите испораки до муштериите се очекуваат во декември тековната 2019 година.

Очекуваната цена е околу 26.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“