Најнова најава за новиот BMW M2

BMW објави тизер видео во кое ја најавува претстојната промоција на втората генерација на M2 Coupe (ознака G87), чие производство, според претходните најави, ќе започне кон крајот на оваа година.

BMW сè уште не го објави датумот на премиера на новиот M2 перформанс модел.

Но како и да е треба да се потсети дека на почетокот на овогодинешното издание на Фестивалот на брзината во Гудвуд  ​​(2022 Goodwood Festival Of Speed, 23-26 јуни), BMW Motorsport ќе го прослави својот 50-ти годишнина, вклучително и со промоција на новиот модел М.

Производителот на премиум автомобили од Минхен –  BMW се уште нема објавено кој нов модел од перформанс одделот М ќе дебитира во Гудвуд, но има неколку можности.

Една од тие можности е втората генерација на перформанс креацијата на Баварците – M2 Coupe.

Како што сега стојат работите, новиот M2 Coupe ќе има  бензински мотор со работен волумен од 3.0-литри, со шест цилиндри, со twin-турбо технологија, со моќ од околу 450 КС.

Оваа погонска единица доаѓа во комбинација со шест (6)- степен мануелен или со осум (8) степен автоматски менувач на брзини и само со погон на тркалата на задната оска.

Производството на новиот М2 ќе се одвива во погоните во фабриката на BMW лоцирана во Сан Луис Потоси, во Мексико, заедно со новите Series 2 Coupe и Series 3.

Како и да е поклониците на марката и на спортските автомобили со нетрпение ја очекуваат новината што ќе им овозможи уживање во препознатливиот стил на M Performance.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408