Најнови фотографии на Aston Martin V12 Speedster

Прeтходно претставен во март годинава, Aston Martin V12 Speedster продолжува со фазата на развој и со тестирањето на патиштата…

Ограничениот специјален Aston Martin V12 Speedster го направи своето деби во прототип форма во пресрет на почетокот на тестирањата на патиштата кои наскоро ќе започнат. За да се одбележи сето тоа, Aston Martin сподели фотографии од прототипот кој се одликува со мат црна боја.

Во споредба со изложбениот автомобил, прототипот изгледа речиси идентично, со  тоа што тука, се чини, нема облоги на предната решетка и нагласениот карбонски браник со поголем издувен систем.

Aston Martin го опишува својот автомобил како „бескомпромисен, изворен двосед“, V12 Speedster ќе биде ограничен на 88 примероци на светско рамниште, а  испораките би требало да  започнат кон почетокот на следната година. На Q одделот на Aston Martin му беа потребни само 12 месеци за радикалниот Roadster да го доведе од концепција до производство на прв прототип.

Автомобилот е мешавина на Aston Martin Vantage и DBS Superleggera со специјално изработена алуминиумска платформа. Производителот не ја открива тежината на возилото, но со оглед на тоа дека каросеријата е направена речиси целосно од карбон и не поседува покрив ниту прозорци, V12 Speedster сигурно се одликува со мошне мала маса.

Во однос на погонската единица V12 Speedster е задвижуван од 5,2-литарскиот битурбо V12 кој испорачува 700 КС и 752 Nm, што е доволно за спринтот од о до 100 км/ч за 3,5 секунди и топ брзина од 300 км/ч.

Цените за Aston Martin V12 Speedster стартуваат од 765.000 фунти во Велика Британија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт