Најпопуларните автомобили во тековната 2019 во првиот четири месеци!

Во првите четири месеци на тековната 2019 година е забележан пад во продажбата на автомобилите и тоа на глобално рамниште ….

Во првите 10 најпродавани се четири модели на Volkswagen, три на Toуotа, сва на Honda и еден на Ford.

Така Toуota Corolla, Ford F serieѕ и Honda Сiviс се трите најпопуларни автомобили во светот од јануари до април тековната 2019 година, наведува порталот Focus2Move.

Следуваат Hondа CR-V, која направи скок од седмото на четвртото место и Toуota RAV4, што пак спротивно на тоа забележа пад од третата на петата позиција по популарност.

Иако се чека премиерата на осмата генерација, Golf се уште ја задржува шестата позиција на табелата на популарноста.

Инаку, во првите 10 се и VW Tiguan и Polo, Toуota Сamry и седанот на Volkswagen , моделот Lavida, што се продава во Кина и во уште неколку држави во Азија.

Инаку, Lavida, заедно со Hondu CR-V, забележа најголем пораст во продажбата од почетокот на 2019 година.

Кога станува збор пак за севкупната глобална продажба, по седум години на константен пораст, во минатата 2018-та е регистиран пад од 0,7 проценти, споредено со една година претходно.

Но, негативниот тренд продолжува и во првиот квартал на тековната 2019 година  со прдажба за малку повеќе од 21 милион возила, односно 7,4 процнти помалку отколку во истиот период минатата година.

Подолу ви ја пренесуваме листата на 10 те најпродавани модели во светот во првите четири месеци од тековната 2019 година, со број на продадените едниници, но и со минатогодишнте позиции во заграда:

  1. (1) Toуota Сorolla 282.637
  2. (2) Ford F series 252.013
  3. (4) Honda Sivik 203.103
  4. (7) Honda CR-V 190.319
  5. (3) Toyota RAV4 190.118
  6. (6) Volkswagen Golf 177.503
  7. (5) Volkswagen Tiguan 173.058
  8. (8) Volkswagen Polo 167.888
  9. (9) Toyota Camry 164.158
  10. (17) Volkswagen Lavida 143.686

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler

Најавена електричната Nissan Ariya

VW го загуби клучниот спор во аферата Dieselgate

Женева 2021 под знак на прашалник!

Renault затвора четири фабрики во Франција!?

Во Dacia подготвуваат нов SUV со седум седишта