Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Aston Martin по 55 години и` се врати на легендата  DB5 и повторно ја произведува…

Не не е шега. Aston Martin го стори токму тоа, притоа не се двоумеше да ја посочи цената што на многумина ќе им ја помати свеста.

Ограничената серија е наречена DB5 Goldfinger Continuation, што значи дека е креирана во соработка со продукцијата на серијалот за најпознатиот агент во светот.

Во Aston Martin  велат дека им требаат околу 4500 часови работа за секоја примрок, а ќе произведат точно 25.

Цената е исто така позната, и изнесува 2,75 милиони британски фунти без давачките.

Добрата вест е дека ова е одлична инвестиција бидејќи вредноста на овие автомобили сигурно ќе расте со текот на времето.

Исто така, сопственикот ќе може да ужива во повеќето гаџети што ги имаше автомобилот  на Бонд во филмот Goldfinger од 1964 година.

И покрај голем број скриени играчки, главната останува 4,0 атмосферски, со шест цилиндри и три карбуратори, мотор, со 290 КС.

Преносот на силата е рачен, со пет брзини и погон на задните тркала.

Првите испораки се очекуваат оваа година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?