Најпродавани брендови во Европа

Европскиот пазар на нови автомобили полека покажува знаци на опоравување од сериозните удари предизвикани од кризата предизвикана со пандемијата на вирусите корона…

Според објавените податоци на ACEA, во Европа (ЕУ + ЕФТА + Велика Британија) се испорачани 3.080.751 возило во текот на првиот квартал од 2021 година, што е за само 0,9% подобро отколку во првиот квартал на 2020 година. Експертите со умерена доза на оптимизам сметаат дека пазарот на Стариот континент може да се стабилизира во средината на тековната година.

Во воздух лебди прашањето кој беше лидер во Европа во текот на првите три месеци од оваа година? Одговорот е Volkswagen, кој продаде 331.355 автомобили со 6,1% понизок резултат од минатата година. Следува Peugeot со 215.470 (+ 15%) и слободно може да се заклучи дека француската марка е во голема налет. Подиумот го заокружи Toyota, која регистрираше 183.069 регистрации.

BMW им „дише во врат“ на Јапонците со испорачани 182.401 единици, а зад него е големиот ривал Mercedes. Ѕвездата со три крака стаса до 180.928 клиенти во првиот квартал со пад на продажбата од 10%.

Шестата позиција на листата на најпосакувани марки на автомобилскиот пазар во првиот квартал на годината на Стариот континент е за Renault со 170.612 регистрации , а седмото место и припадна на Škodа. Чешката марка „освои“ 162.604 клиенти (-0,9%).

На осмото место се најде Ford, кој продаде 157.849 автомобили, следен од Audi (155.351) и Оpel(132.862).

Список на 20 најпродавани брендови на автомобили во Европа во текот на првиот квартал на 2021 година:

BRANDS Q1/2021 Q1/2020 % 20/21
1 VOLKSWAGEN 331,355 353,056 -6.1
2 PEUGEOT 215,470 186,173 +15.7
3 TOYOTA 183,069 171,811 +6.6
4 BMW 182,401 174,566 +4.5
5 MERCEDES 180,928 201,303 -10.1
6 RENAULT 170,612 184,330 -7.4
7 SKODA 162,604 164,030 -0.9
8 FORD 157,849 160,808 -1.8
9 AUDI 155,531 160,819 -3.3
10 OPEL/VAUXHALL 132,862 134,334 -1.1
11 FIAT 128,993 121,952 +5.8
12 CITROEN 126,866 119,865 +5.8
13 KIA 113,812 113,026 +0.7
14 HYUNDAI 108,048 108,996 -0.9
15 SEAT 2 102,728 107,255 -4.2
16 DACIA 88,913 83,180 +6.9
17 VOLVO 88,078 72,065 +22.2
18 NISSAN 77,289 87,272 -11.4
19 MINI 44,166 42,410 +4.1
20 LAND ROVER 36,763 35,708 +3.0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили