Најпродавани EV на планетава во 2022 година- лидер е Tesla

Кога станува збор за регистрации на целосно електрични автомобили во текот на 2022 година, Tesla е многу пред сите останати.

Во 2022 година, компанијата Теslа испорача повеќе од 1,3 милиони електрични автомобили.

Тоа е 18,2 отсто од целата продажба на електрични возила на глобално ниво, иако уделот на Tesla е намален за речиси 5 отсто во однос на една година пред тоа ( 2021 година). Тоа е знак дека компанијата се шири побавно од сегментот како целина.

Кинескиот BYD значително ја зголеми продажбата на електрични возила во 2022 година, достигнувајќи 913.052 единици и учество од 12,6 отсто во сегментот.

По него следи кинеската SAIC (9,3%), благодарение на заедничкото вложување SAIC-GM-Wuling и неговите микро – автомобили.

Групацијата Volkswagen лани беше четврта со удел од 7,9 отсто, додека во 2021 година беше трета со удел од 10 отсто.

Петти по големина производител во сегментот е Geely-Volvo (5,3 отсто удел), кој го замени Hyundai на таа позиција.

Регистрации на целосно електрични автомобили во 2022 година:

Теslа: 1.314.330 и 18,2% удел

BYD: 913.052 и 12,6% удел

SAIC (вклучувајќи SAIC-GM-Wuling): 671.725 и 9,3% удел

Volkswagen Group: 571.067 и 7,9% удел

Geely-Volvo: 383.936 и 5,3% удел

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aналитичарите гледааат значаен потенцијал во акциите на Ferrari

FIAT водечка автомобилска марка во групацијата Stellantis

На автопатиштата во Јапонија ќе има лента за автономни возила

Јужна Кореја co финансиска помош за производители на батерии

Новиот Fiat Punto ривал на Dacia Sandero

Haval Ruge и Haval Ruge Max

Toyota Motor Manufacturing Turkey

Големата понуда на автомобили може да поттикне „војна на цените“

KIA малите електрични автомобили ќе ги прави во Европа