Најпродаваниот електричен автомобил во Кина чини под 4.000 евра

Дури и пред да помислите дека станува збор за Tesla или можеби Nissan, ново усвоената регулатива за стимулации на купување возила со алтернативен погон на кинескиот пазар значително ја смени сликата за тоа какви електрични автомобили излегуваат од производните линии.

Имено, владата на најнаселената земја во светот одлучи дека не сака да гледа скапи електрични автомобили што ќе можат да си ги дозволат само богатите, туку дека целта е да се забрза развојот на малите креации на четири тркала со погон на струја, навистина со поскромна автономија, но и пониска цена.

Еден таков автомобил е Wuling Hong Guang MINI за кој треба да се издвојат само 4.200 долари.

Благодарение на достапноста, Hong Guang минатиот месец најде дури 15.000 клиенти, надминувајќи го претходниот лидер Tesla Model 3.

Овој малечок на прв поглед изгледа крајно „заостанат“, така што нема ниту едно воздушно перниче треба да доплатите дополнителни пари за клима, а и може да помине само 200 км со едно полнење на батеријата.

Но, Wuling не може да се одбрани од голем број нарачки, а неговиот американски партнер General Motors исто така може да се радува !.

Конструкторот тврди дека главната категорија меѓу купувачите е онаа што ги опфаќа тие кои купуваат автомобил за прв пат, како и тие кои живеат во градовите, и им треба дополнително возило, погодно за манипулација во густ сообраќај, карактеристични за мегаполисите во Кина.

Експертите очекуваат дека околу 5% од сите новини продадени во Кина оваа година ќе бидат напојувани од електрична енергија, а нападот би можел да го водат модели со точно иста целна група на ум, како тој што го имал во предвид производителот Guang.

Неговата автономија е релативно слаба, па затоа не е во можност да ги исполнува условите за државни субвенции, но во Wuling сфатиле дека достапната цена од фабриката е поважна за клиентите отколку износот на попустите и поволностите што ги носи возилото.

Следниот потег што компанијата го најавува е оној што треба да донесе комбинација на мали димензии на возилото, како што е Guang, но со автономија што ја надминува бројката од 400 км.

Многу гиганти како Great Wall  и GAC кинескиот партнер на Toyotа, веќе во голема мерка развиваат вакви возила, а на улиците би може да ги видиме веќе следната година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Focus RS RX на Кен Блок продаден за 200.000 долари

Вака би можел да изгледа новиот Volkswagen Corrado и ни се допаѓа!

Нај-непристојни се возачите на BMW

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија