Најскапа гаража во светот

Пред две години се крена голема медиумска врева околу куќата во низа, во Амстердам, која беше продадена за 1,5 милиони евра, а годинава, главната приказна е бараната цена за гаража за паркирање во еден од подобрите области на Амстердам, што чини речиси еден милион евра….

Според порталите во регионот, точната сума која е побарана за ова место од 22 квадратни метри изнесува 995.000 евра.

Ако гаражата на аголот од улиците Јакоба Обрехтратат и Ван Брестрат навистина се продаде за таа сума, тоа ќе биде најскапиот простор за паркирање во светот.

Претходниот рекорд беше 870.000 евра во Хонг Конг.

Гаражата во областа Концертгеб има приватен пристап и е обезбедена со столб со заклучување. Т

Исто така има и електрична гаражна врата, со која може да се управува преку далечинско и е една од најголемите гаражи во близина.

Има простор за еден автомобил од кој можете нормално да ја отворите вратата по паркирањето.

Ако сè уште се сомневате дали сето ова ја оправдува бараната цена, има неколку дополнителни аргументи: гаражата има осветлување, електрична енергија и е опремена со мијалник со приклучок за вода.

Ако сето ова ви е малку премногу за да можете да го купите, тогаш ова место може да се изнајми за 990 евра месечно, со услов да треба да платите тримесечен депозит однапред.

Големи се шансите сопственикот да одбрал преголема сума за продажба со цел да привлече внимание за закупнината.

Сепак, како што самиот сопственик изјави за локалното радио и телевизија, запрашан за цената:

– Не толку вреди, има малку такви гаражи. Најчесто ме повикуваат локални жители кои, сакаат своето Ferrari да го остават на сигурно, а тоа е можно во таква гаража.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекорд во дрифтање со автомобил на струја!

Несмасно паркирање на електричниот Taycan

Бетонска плоча падна врз паркиран SUV

Специјална едиција на Morgan

Електричен Volkswagen e-Kubel

Dacia Grand Duster со седум седишта

Renault во Индија претстави crossover концепт Kiger

Најавен Mercedes Maybach S Class

Супер гаража вредна 13,5 милион долари design by McLaren