Најскапиот Cadillac стартува со цена од 300.000 долари

И покрај огромната цена, побарувачката е над сите очекувања и на својот примерок потенцијалниот купуваќ ќе чека дури една и половина година, а можеби и подолго…

Cadillac се враќа на сцената како најлуксузен американски производител на автомобили, но и како бренд чиј имиџ може да биде успешен надвор од границите на својот домашен пазар.

Иако почетната цена на овој  Cadillac , кој претежно се изработува рачно, изнесува дури 300.000 американски долари, сè повеќе луѓе го посакуваат токму тој модел.

И ќе се чека, бидејќи првите испораки на Celestiq ќе започнат дури за една година, а листата на чекање е веќе над 18 месеци.

Ова го откри Тони Рома ( Tony Roma) , главниот инженер на проектот Celestiq, на подкастот Autoline Network. „Многу од нив веќе кренаа раце, многу повеќе отколку што ќе можеме да направиме во првата година или 18 месеци“, рече Рома.

Ова е интересна информација бидејќи никој не знае колку примероци всушност може да произведе Cadillac, пишуваaт светските информативни агенции. Рома посочи дека одреден максимум може да биде два примероци дневно, што значи дека во првата година може да се произведат околу 400 примероци.

Покрај посебниот начин на производство, подеднакво посебен е и начинот на откуп.

Потенцијален купувач доаѓа во салонот за да го изрази својот интерес за купување, а потоа му се доделува агент кој ќе го води при купувањето и преку кој купувачот комуницира со производството, персонализирајќи го секој детал од автомобилот.

Производството е базирано во техничкиот центар на GM во Ворен, а тимот ќе може да работи до шест примероци одеднаш.

За потсетување, Celestiq има два електромотори, а со тоа и AWD погон. Развива над 600 КС, достигнува 100 km/h за околу 4 секунди, а батеријата од 111 kWh обезбедува автономија од 483 km.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оваа Testa Rossa чини „само“ 93.000 евра

Електрична трансформација на луксузниот олдтајмер

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000-та на аукција во Април

Samsung претстави мобилен за вљубениците во BMW

Европска премиера на Peugeot Inception Concept и уметничка соработка со дизајнерот Emeric Tchatchoua, основач на 3.Paradis

Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary Edition

Alfa Romeo одбележува 100 години нa Quadrifoglio брендот

Mercedes- Maybach S 580 e

Renault Clio: историја во бројки и слики