„Направен за планетата. Направен за нејзините луѓе“ Fiat 500 RED

-22 септември го означува почетокот на партнерството помеѓу брендот FIAT и организацијата (RED), основана пред 15 години од Боно и Боби Шрајвер за борба против опасните пандемии…

Оваа соработка во целост го вклучува возилата од семејството 500 (New 500, 500, 500X и 500L) и започна со лансирање на New (500) RED модел – целосно и исклучиво електрично, првото (RED) возило во светот, амбасадор на пораката дека мораме „да ја заштитиме планетата и нејзините луѓе“.

Fiat 500 RED

Со цел да се промовира оваа нова специјална серија, во моментов започна да се прикажува нова реклама, нагласувајќи ја универзалната мисија на овој градски автомобил, иконата на марката FIAT. Според Оливие Франсоа, извршен директор на брендот FIAT и маркетинг директор на Stellantis: „Целта на New (500) RED е да ја пренесе пораката на организацијата (RED) – дека можеме да одиграме улога во борбата против глобалните пандемии – на улиците, но уште поважно, во животот на луѓето. Затоа – заедно со организацијата (RED) – изработивме и креиравме реклама базирана на концептот на внимание кон околината и луѓето, принцип што е дел од ДНК на брендот FIAT.

New (500) RED е електрично возило, затоа, одлично за животната средина, но тоа не е се: New (500) RED, исто така, придонесува за борба против глобалните пандемии со поддршка на проектот (RED), со што ги заштитува луѓето, односно  секој од нас! “

Франсоа продолжи со овие зборови: „универзалноста на пораката ја нагласува играта на парадоксот помеѓу димензиите на самото возило и колку луѓе може да поврзе. Одговорот е на сликите кои прикажуваат се повеќе луѓе – од сите раси и од целиот свет, како се приближуваат до автомобилот како секој од нив да може да седне во автомобилот. Метафорично, тоа е големо семејство што го сочинува целиот свет и овој автомобил треба да го смести и да не повезе  сите во подобра иднина, служејќи како амбасадор за свесност и социјална посветеност “.

Музиката, ремикс на Рајан Тедер, на популарната наполитанска песна „o’ surdato nammurato “, е во совршена хармонија со сликите, тоа е химна на мирот и љубовта позната низ целиот свет.

Прво пуштена во втор план, песната го менува ритамот среде рекламата кога New (500) RED се открива во полн блесок возен од разни луѓе кои овој автомобил го избраа како пат кон подобра иднина.

Резултатот е силна референца за италијанската природа на производот и позитивноста на пораката, нагласена со изјавата – „Направено за планетата. Направено за нејзините луѓе “- и потврдено со избирање на црвената боја на организацијата (RED) за каросеријата и ентериерот.

Силната боја, која е достапна за прв пат на моделот New 500, добива етичко значење, во согласност со мисијата што ја делат FIAT и (RED).

Рекламата завршува со провокација, порака, покана: да бидете подготвени да го заземете местото на возачот (носителот) на промената.

Убедени дека сите ние можеме да ја одиграме нашата улога во борбата против пандемијата и дека секој од нас може да биде лидер во промените, постои опција – невообичаена во автомобилската индустрија – само возачкото седиште да биде во црвена боја, а другите три места да бидат во црна.

Рекламата, осмислена од агенцијата Leo Burnett, беше продуцирана во продукција на Buddy Film, а во режија на Federico Brugiа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga