Насер Ал-Атијах пред победата!?

Насер Ал –Атијах е се поблиску до својата втора круна на Dakar, но и до историскиот успех за јапонската Toyotа

Се поставува прашањето дали Насер Ал-Атијах (Nasser Al-Attiyah) победи на претпоследната етапа на годинешниот Dakar, ии Леб (Loeb) загубил поради дефектите на неговиот Peugeot.

Како и да е возачот од Катар ќе стартува на последниот специјален испит со 50 минути предност пред Нани Рома (Nani Romа), а два часа пред Леб (Loeb). Со други зборови ако нешто непредвидено не се случи, Ал-Атијах со мудро возење може да го освои Dakar 2019.

На деветтата етапа Леб (Loeb) водеше до првиот, а потоа и до вториот дефект, но сепак, за среќа негова и среќа на неговиот со возач Даниел Елена ( Daniel Elenа) успеал да го стартува автомобилот и стаса до целта.

Лошо минал и Петерхансел (Peterhansel) кој заринкал во дина. Автомобилот по тоа  станал неупотреблив, a неговиот со возач Давид Кастера (David Castera) е префрлен во болница со повреда на вратот.

Инаку, деветтиот специјален испит почнал со масовен старт, па така во иста група се нашле Ал-Атијах, Леб, Жинел де Вилерс (Giniel de Villiers) и Јакуб Прзигонски (Jakub Przygonski), но, Леб, набрру и побегна на групата остварувајќи предност од дури девет минути.

За тоа време Ал-Атијах возел конзервативно чувајќи ја стекнатата предност. Меѓутоа возилото на Леб, Peugeot 3008 застана на последната делница по временската контрола. Сирил Деспре (Cyril Despres) во Mini го искористил проблемот на Леби повел, но не успеал да победи, бидејќи на 20  km пред целта завршил на покривот и таму загубил 40 минути.

Нани Рома (Nani Roma) успеал на целта да мине како втор и делува како извесен освојувач на втората позиција на Dakar Rally 2019, a Леб би можел да се најде на подиумот, со оглед дека има предност од 31 минути.

Последниот специјален испит е долг само 112 km, па така наведениве разлики се преголеми за нешто позначајно да се смени во генералниот пласман, освен во случај на дефект или навистина големи грешки.

1.Nasser Al-Attiyah

Mathieu Baumel                              Toyota                        33h09m12s

2.Nani Roma

Alex Haro                                          Mini 4×4                     51m27s

3.Sebastien Loeb

Daniel Elena                                                Peugeot                     2h02m37s

Во конкуренција на мотоциклисти , Тоби Прајс (Toby Price) на KTM ќе стартува на последниот „брзинец“ со малку повеќе од една минута предност, по деветтата етапа.

Претпоследната етапа и тука имаше масовен старт, во групи од по 10 возачи, на брзински испит долг 313 km.

Но за време на специјалниот испит, водечките ги изненадиле Михаел Метге  (Michael Metge) на Sherco TVS мотоцикл и победил, а истото го сторил и даниел Носигли (Daniel Nosiglia) на приватна Hondа завземајќи го второто место, со заостанување од две минути.

Возачот на Husqvarnа, Куинтанила ( Quintanilla), бил најдобро пласиран од фаворитите , со освоено трето место, со заостанување зад победникот од 3 минути и 28 секунди, а тандемот на KTM- Прајс и Валкнер (Walkner) стасал во идентично време, една секунда зад Куантанила.

 

Одлично возел Адријан ван Беверен (Adrian van Beveren) од тимот на Yamaha, заканувајќи се дека може да се вклучи во борбата за подиум, но моторот на неговата Yamahа откажал само 16 km пред целта.

Иако борбата за победа ќе трае до целта на последната етапа, листата на фаворити се намали со казната што ја доби фабричкиот возач на Hondа Кевин Бенавидес (Kevin Benavides). Тој заработил казна од дури три часа, бидејќи судиите на неговиот резервоар пронашле  сокриени дополнителни мапи од теренот, што тој ги користел за време на возењето, a што според правилата на Релито не се дозволени.

  1. Toby Price                     KTM                        32h43m15s

      2. Pablo Quintanilla      Husqvarna            1m02s

  1. Matthias Walkner      KTM                        6m35s

Во конкуренција на камиони Едуард Николаев (Eduard Nikolaev) во Kamaz се врати на водечката позиција, a со 14минутно доцнење го следи Сирахеи Визаович  (Sirahei Viazovich) во Maz, додека на третата позиција е Димитри Стотников во Kamaz.

 

Иако тимот на Iveco на годинешниот Dakar  пристигна со големи амбиции, Жерар де Рој (Gerard De Rooy ) e само петти во генералниот пласман , со 31 минута заостанување зад водечкиот, a големи се шансите на четврта позиција во генералниот пласман да се пласира Ales Loprais кој вози за приватниот тим Instaforex Loprais Tim.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!

Совети: Сe може да се случи во дел од секундата – „ Аиритон Сена “

Монца под итно бара 60 милиони евра за опстанок во F1 календарот!