Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во „Twingo Cup“ се возеше четири часовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет…

Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното шесто место на трката.

Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на девето место, а го сочинуваа:  Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.

Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно пропратена со седум влегувања во бокс како и техничка издржливост на возилото кое се вози четири часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.

Ова е прв тимски  настап на осум македонски талентирани млади возачи  на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.

Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено Спорт, Свифт Рејсинг и Кастoм Кар.

Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000