Aston Martin новиот Vantage Coupe го претстави во ноември 2017 година (од мај 2018 се произведува во фабриката Gaydon, Велика Британија), а неговата Roadster верзија ќе биде достапна на купувачите од пролетта наредната 2020 гофдина…
Според најавите од Aston Martin автомобилот Vantage Roadster е „веќе подготвен“ при што цената би требало да стартува од 130.500 британски фунти.
Како најава, Aston Martin, денес, објави сет на слики на еден пред продукциски примерок.
Како и V8 Vantage Coupe, и Roadster ќе биде задвижуван од twin-turbo бензински агрегат на Mercedes-AMG, со работен волумен од 4,0 –литри со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќност од 510KS и 685 Nm (во комбинација со автоматски менувач на брзини, со осум степени на пренос на силата).
Се очекува дека оваа верзија со мек покрив на склопување ќе има за нијанса послаби перформанси од Coupe варијантата што од 0 до 100 km/h забрзува за 3,6 секунди и постигнува топ брзина од 314 km/h.