Наскоро – електричен Fisker Ocean

Конечно е познато името на идниот електричен SUV модел на компанијата Fisker што веќе подолго време се најавува и се вика Fisker Ocean…

И се додека од Fisker и официјално не го претстават тој модел, ќе се навратиме преку неколку потсетувања дека станува збор за сестрано електрично возило со електромотори, литиум – јонски батерии со капацитет од  80 kWh, со 4×4 погон и автономија на возење со едно полнење на батериите до 300 милји ( околу 483 km).

Овој SUV, според најавите, ќе се карактеризира и со најпространа внатрешност во класата, a ќе добие и голем head-up дисплеј.

Исто така, ќе биде достапен и во опција со тркала со големина од 22 – инча, како и со соларен панел на покривот.

Премиерата на завршен прототип е најавува за четврти (4) јануари, наредната 2020 година, a стартот на производството се предвидува за втората половина на 2021 година.

Кога пак станува збор за цените, во некои претходни најави се спомнувало дека овој модел би требало да чини, некаде, околу 40.000 американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанската полиција во флота добива и Suzuki Jimnу!

Maserati GranTurismo Zeda

Lexus  сопроизведен целосно електричниот модел за 10 дена во Кина

Кои се доверливи а кои треба да се избегнуваат, покажа TUV прегледот на 9 милиони возиламодели

Нови официјални скици на идната генерација на Kia Optima

Интригантно – Можно Peugeot 608 на FCA Maserati платформа

Можно повторно заживување на Lotus Elan!

Јапонците направија супер спортски автомобил од цеулоза

Renault Arkana – може да биде француски BMW Х4 во Европа до 2021