Наскоро и Audi e-tron GT

Audi наскоро официјално ќе го претстави серискиот e-tron GT,  кој беше промовиран во форма на концепт пред две години на салонот за автомобили во Лос Анџелес….

Германците планираат да се натпреваруваат со моделот S на Tesla со овој модел, а како што е најавено, сериското производство ќе започне кон крајот на оваа година.

Производството ќе се одвива во фабриката Некарсулм во Германија, каде се произведува и Audi R8.

Според некои претходни најави, серискиот Audi e-tron GT ќе има погон на сите тркала, а автономијата ќе биде околу 400 км.

Исто така, станува збор за многу динамичен автомобил, со претходната најава дека 80% од капацитетот на батеријата ќе може да се полни за околу 20 минути (батериите се 96 kWh).

Audi сè уште не ги објави спецификациите на серискиот модел, но се очекува да има два електромотори со приближно 590 КС (колку што имаше концепт).

Audi e-tron GT во концептната верзија е долг 496 см, широк 196 см, висок 138 см и има растојание помеѓу оските од 290 см.

Концептот забрзаше од 0 до  100 км/ч за само 3,5 секунди, додека најголемата брзина беше електронски ограничена на 240 км/ч.

Покрај тоа, Audi потврди дека врвната Top Gun варијанта наречена е-трон GT RS ќе биде лансирана истовремено со „обичната“ верзија на електричниот автомобил од Инглоштад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт