Наскоро и хибриден Fiat 500

Наскоро би требала да има свое деби и хибридната верзија на автомобилската икона –моделот  Fiat 500, a деновиве, на специјализираните портали, „протекоа“ и првите детали…

Новината – хибридниот Fiat 500 во основа ќе има бензински атмосферски агрегат со три цилиндри, со работен волумен од 1,0-литри, познатиот 1,0 FireFly, со моќност од 70 KS и максимален момент на вртење од 90 Nm.

 

Агрегатот ќе биде во комбинација со стартер/генератор, или, пак со мал електромотор, се уште не се знае.

За трансфер на силата би требало да биде задолжен шест степен мануелен менувач на брзини.

Според неофицијалните податоци кои „протекоа“ на интернет, просечната потрошувачка на бензинско гориво кај хибридниот Fiat 500 би требало да се движи околу 3,9 l/100 km, додека, пак при експлоатација во градски режим на возење таа би изнесувала околу 4,6l/100 km.

Во однос, пак на почетната цена на хибридниот Fiat 500 е објавено дека на пазарот во Франција тој ќе се продава за  14.990 европски банкноти.

Скапо, но вреди бидејќи станува за икона во светот на малите автомобили.

Инаку вгодина ќе доаѓа и новата генерација на целосно електричната верзија Fiat 500e.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада