Наскоро и обновена Mercedes E Class Cabrio и Coupé

На почетокот на март, Mercedes веќе ја претстави значително обновената Е Class во верзиите на лимузина и караван, а варијантите Cabrio и Coupe наскоро ќе следат…

Тоа е потврдено со неколку „тизер” слики во кои овие модели сè уште се покриени. Како и да е, се очекува модифициран, подинамичен преден крај со прилагодена решетка на ладилник и LED диоди, модифицирани задни светла, нови тркала, подобрена безбедност и системи за помош на возачот, како и модернизиран ентериер со нов волан, дигитална инструмент-табла и информативно забавен систем со 12,3-инчен екран.

Покрај тоа, од централната на автомобилскиот гигант од Штутгарт најавени се помоќни и поекономични мотори.

Меѓу другото, Mercedes-AMG обезбеди електрифициран погон за E53 Coupe, со 3,0-литарски мотор, со шест цилиндри, со  моќност од 320 kW / 435 КС и 520 Nm, со EQ Boost стартер-генератор за дополнителни 16 kW / 21 КС.

Треба да има и нов бензински мотор, со шест цилиндри, како и 2,0-литарски, со  четири цилиндри исто така бензинец со моќност од 147 kW / 200 кс, со интегриран стартер-генератор, за дополнителни 15 kW / 20 КС.

Точниот датум на промоција на овие новини на Mercedes сè уште не е познат, но се очекува да биде на крајот на овој, мај, или почетокот на следниот месец – јуни.

Како и да е премиум производителот на автомобили од Штутгарт тргна во офанзива на модели и на електрификација, што добива засилено темпо поради паузата во продажбата и во производството предизвикана од пандемијата на корина вирусот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021

Стартува продажбата на електричниот Volvo XC40 Recharge