Наскоро мал SUV на Fiat

Fiat најави нов помал SUV модел што ќе се продава во Јужна Америка…

Проектот е со кодно име Proggeto 363, а наскоро ќе биде објавено и комерцијалното име.

Како што стојат работите сега, официјалната премиера во Бразил ќе се одржи кон крајот на овој месец.

Претходно некои медиуми објавија дека Fiat заштитил неколку имиња во Јужна Америка  (меѓу нив се Revo, Pulse, Tuo, Domo и Nord), така што едно од тие имиња би можело да носи новиот SUV.

Во основа станува збор за теренец базиран на Fiat Argo, кој се продава во Јужна Америка веќе неколку години, но новиот SUV ќе биде подолг, поширок и повисок од него.

Поконкретно, новиот Fiat SUV ќе биде долг околу 410 см, широк 176 см и висок 154 см. Исто така ќе има и подолго меѓуоскино растојание, додека тркалата се од 16 до 18 инчи.

Како погонски единици се споменуваат 1.3 Firefly со 109HP и 1.0 12 V Turbo Firefly со околу 130HP, како и рачни и автоматски менувачи.

Опремата ќе вклучува и LED светла и мултимедијален систем Uconnect со 8,0-инчен екран, додека повеќе детали допрва следуваат.

Производството ќе започне во август, а лансирањето на пазарот ќе следи во септември, по цена од околу 90.000 бразилски реали (13.760 евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seat Leon доби нов TSI мотор со 190 КС

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Aiways U6

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

Најавен нов Volkswagen Multivan

BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година

И официјално нова Honda Civic