Наскоро нова Honda Transalp

Од Јапонија пристигаат руморења дека Honda конечно работи на ново издание на мотоциклот Transalp….

Според достапните информации, Transalp ќе користи ново развиен паралелен twin мотор со капацитет од 755 кубни сантиметри, што ќе овозможи овој мотоцикл од средна класа да биде машина со вистински теренски способности.

Се шпекулира дека уште еден модел би можел да ја добие споменатата единица, а тоа би бил CB750S.

Шпекулациите често не треба да се сфаќаат сериозно, но бидејќи нивниот извор е познатото списание Young Machine, тие исто така имаат кредибилитет.

Јапонската марка веќе го регистрираше името Transalp за употреба на многу светски пазари, што дополнително ја подгрева фантазијата на љубителите на лреации на две тркала.

Претходните наводи сугерираа дека Transalp би можел да има ист паралелен twin агрегат како и постојниот NC750.

Сепак, најновите информации ги демантираат овие написи.

Наместо тоа, ѕвездата треба да биде сосема поинаква единица, од која треба да се очекуваат не само перформанси за почитување, туку и солидни off-road способности.

Не е познато кога Honda би можела да го претстави новиот Transalp, но со оглед на тоа што саемот на EICMA е закажан за крајот на ноември, можеби нема да треба да чекаме долго за да го видиме новиот модел.

Најпознатиот и најпрестижниот годишен настан во индустријата за мотоцикли е секако најдоброто место за дебито на новиот Transalp.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката

CB1000R 5Four ексклузивно издание на Honda CB 1000R во само 54 примероци

Yamaha ќе развива ласерска технологија

Групацијата Piagio со рекордно полугодие