Наскоро обновен DS Crossback

Производителот на премиум возила од Франција DS Automobiles сега под капата на големиот автомобилски идентитет Stellantis, деновиве најави дека ќе промовира ажурирана верзија на DS 7 Crossback веќе во понеделник, поточно на 27-ми јуни…

Поминаа пет години откако за прв пат беше претставен DS 7 Crossback, така што рестилирањето ќе помогне овој модел да остане доволно свеж во следните неколку сезони.

Што се однесува до стилската промена, се очекуваат нови фарови (малку потенки од оние на актуелниот модел), поголема предна решетка со различна шема, дотеран преден браник и отвори за воздух, како и малку пошироки задни светла.

Нема да има значителни промени во внатрешноста, освен работи како подобрен софтвер за екранот на инфозабавниот систем и дигиталната табла со инструменти.

Податоците за гамата погонски единици на моделот DS 7 Crossback од моделската 2023 година се уште не се официјално познати, но се очекува бензинец со моќ од 130 КС и 180 од КС, како plug – in  хибрид во верзии со погон на предните тркала, како и со погон на сите четири тркала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“