Наскоро пристига KTM 1290 Super Duke RR

Според италијанскиот портал Motociclismo, креацијата на две тркала – KTM 1290 Super Duke RR наскоро би можел да ја види светлината на денот…

Идејата зад овој модел е едноставна: тоа ќе биде варијација на постојниот street fighter, со неколку компоненти што треба да резултираат во зголемени перформанси и да ја направат австриската машина „хулиган“, како на отворените патишта, така и на патеките.

Се очекува намалување на тежината за девет (9) килограми, што беше постигнато со дарежлива количина јаглеродни влакна, особено кога станува збор за композитниот дел од опашката на мотоциклот.

Другите карактеристики што вреди да се споменат се новите алуминиумски тркала, издувниот систем Akrapovič и суспензијата на WP Apex Pro. Исто така, постојат голем број компоненти, кои се намалени во тежина, со цел подобро да се вклопат во целокупниот пакет.

Се претпоставува дека Австријците го дизајнирале новиот RR да биде директен конкурент на пазарот на мотоциклот Ducati Streetfighter V4 S, како во одредени аспекти на изведбата (пред се мислиме на суспензијата и тркалата), а и по цената.

Италијанскиот naked мотоцикл годинава сериозно зачекори на територијата на Австријците, и овој ѕвер е одговорот на тоа. Според достапните информации, цената би можела да биде над 17.000 евра, иако нема официјални информации за тоа.

Сè уште не е познато кога мотоциклот може да дебитира на пазарот, но логично е да се очекува тоа да биде во следните неколку недели, бидејќи овој период од годината е резервиран за новини на саемот ЕICМА, кој нема да се одржи годинава поради познатата ситуација со пандемијата предизвикана од корона вирусот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Милано доби засилување на две тркала

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

Ducati го произведе 350.000-от Monster

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R