Наскоро сериски  BMW XM

BMW го претстави XM Concept на 30 ноември минатата година, но во тоа време веќе беше познато дека најавуваше иден сериски модел кој се очекува во текот на 2022 година, како прв самостоен M SUV модел.

Баварците наведуваат и дека XM е најекспресивната изјава во последните 50 години на BMW M. Во соопштението се додава дека ова е „уникатен X за марката М, кој го покажува новиот дизајн на предниот дел на BMW Luxury Class“. Во меѓувреме се подготвува сериски модел, а се најавува и комплет фотографии од се уште маскиран тест примерок.

Стандардната верзија на серискиот BMW XM ќе има комбинирани 480 kW / 653 КС и 800 Nm (комбинација од новиот V8 турбо бензинец и електромотор), но се најавува и посилна верзија со 748 КС и 1000 Nm вртежен момент.  Ќе може да се вози и во електричен режим, до 80 km (според WLTP).

Секако ќе има погон на сите тркала, стандардна Адаптивна М Професионална суспензија, М систем за сопирање, лесни М алуминиумски тркала до 23 инчи, повпечатливи предни „бубрези“, како и М интерпретација на кокпитот насочен кон возачот, закривен Екран на информативно забавниот систем, М верзија на оперативниот систем BMW iDrive, црвени акценти на воланот, кафена кожа, карбонски влакна и амбиентално осветлување во боите на BMW M.

Премиерата на серискиот XM ќе се одржи во наредните месеци, додека сериското производство треба да започне во декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се продава теренска изведба на Rolls Royce, сопственост на кралот на Мароко

До крајот на годината и специјален BMW M модел

Видео Goodwood Festival of Speed 2022

McLaren P1 Spider Lanzante

Се продава Fiat Tipo што го возел легендарниот Најџел Менсел

Alfa Romeo Giulia Speciale лимитирано издание во 15 примероци

Се продава единствениот Jaguar XJS Shooting Brake

Polestar 5 на „Фестивалот на брзината во Гудвуд“

Се продава уникатен Heuliez Intruder