Наскоро Wiesmann MF6

Веќе извесно време специјализираните медиуми и познавачи на автомобилскиот бизнис го најавуваат враќањето на Wiesmann, производителот, подобро речено работилница за спортски автомобили од Германија…

Новиот модел на Wiesmann во моментов се води под кодна ознака Project Gecko (но ќе го понесе името MF6), додека пак неговата продажба би требало да стартува во текот на наредната 2020 година.

Како што може да се види од „шпионските“ фотографии, MF6 се одликува со карактеристичен дизајн, препознатлив за марката („ еволуција наместо револуција“), додека, пак, официјалните најави велат дека за погон ќе се погрижи мотор на BMW.

Станува збор за познатиот турбо бензински агрегат со работен волумен од 4,4-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква „V“,  со моќ од 600KS.

Агрегатот доаѓа во комбинација со осум степен автоматски менувач на брзини што силата ја префрла на тркалата од задната оска.

Германците за својата креација наведуваат дека ќе располага, со вообичаено, високи перформанси: забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,5 секунди и дека би требало да постигнува максимална брзина од 320 km/h.

Во истата информација е наведено и дека автомобилот ќе користи нова платформа околу која ќе биде изграден, како и тоа дека ќе располага со идеална распределба на масата од 50:50 (напред: назад).

Кога сето ова ќе се земе во предвид, може сериозно да се разберат тврдењата од Wiesmann дека овој пат станува збор за помоќен, по динамичен и по драматичен автомобил од сите што оваа позната компанија ги има досега произведено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Италија возачите задолжително ќе вградуват аларм за бебиња на седишта

Tesla својот Cybertruck pick up ќе го претстави на 21 ноември

Иднината на Alfa Romeo во PSA Group!

Ford со големи надежи во електричен SUV што наликува на Mustang

Audi RS Q8 го урна рекордот на Nürburgring!

Прво видео од новата Škoda Octavia пред светското деби 11.11.2019

Новиот Nissan Patrol ќе се развива заедно со новиот Mitsubishi Pajero!

Автомобил на годината во Германија за 2020 е Porsche Taycan

Lamborghini со тизер на нов хипер автомобил во лимитирана серија!