Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Во Lamborghini подготвуваат наследник, замена, за својот Aventador што би требало да пристигне во моделска 2022 година, a се планира да користи хибридна верзија на легендарниот V12 мотор на компанијата од Санта Агата Болоњезе…

Тоа ќе биде, значи, еден од неколкуте Lamborghini модели што ќе бидат еколошки прифатливи и ќе користат електрификација на својот погон, покрај веќе спомнатиот plug-in хибриден SUV– моделот Urus.

Ќе биде најавен со лимитиран хипер автомобил чија вредност ќе изнесува повеќе од два милиони евра.

Хипер автомобилот, во ограничено производство, е развиен под кодното име LB48H и веќе е покажан на потенцијалните купувачи во јуни минатата 2018 година а најголемите новини се однесуваат на погонот.

Имено, тој автомобил претставува  увид во тоа што ќе донесат наредните модели што ќе го задвижуваат атмосферскиот мотор на Lamborghini, со 12 цилиндри, поставени во форма на латинската буква V, во комбинација со електричен агрегат се со цел да се подобрат перформансите и економичноста.

Но, хибридниот систем од друга страна значи и поголема тежина на автомобилот , а дури и најлесното решение ќе претставува дополнителен товар од 150-200 kg на вкупната маса.

Но, атмосферскиот агрегат, со работен волумен од 6,5-литри и  V12 конструкција, заедно со електромоторот, најверојатно, во наследникот на Aventador ќе понудат моќ од околу 1000KS...

Во моментов се уште не се знае како ќе се вика наследникот на Lamborghini  Aventador.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai iMax N Drift Bus со повеќе од 400 КЅ!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Супер автопат ќе ги поврзува Лондон и Њујорк, преку Москва

Обединетите Арапски Емирати со хипер автомобил Dragon

Alfa Romeo спонзор и на 1000 Miglia 2020

Паѓа последниот бастион на возачите: Autobahn со лимит 130 km/h!?

Првиот Lamborghini на струја Grand Tourer пристигнува 2025!?

Златан Ибрахимович за 38 роденден се почести со Ferrari Monza SP2

Спектакл: Денови на Abarth 2019 – 70-годишнина на црвената скорпија