Наследникот на Lexus LFA пристигнува 2025!?

Јапонските медиуми пишуваат дека Lexus наводно работи на наследникот на спортскиот модел LFA, кој  би требало да се појави некаде во текот на 2025 година…

За разлика од стариот модел LFA кој имаше 4,8 литарски атмосферски бензински мотор со 10 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќ од 560 КС, новиот LFA според овие гласини ќе добие plug-in хибриден погонски систем со 4,0 литарски бензинец со осум цилиндри исто така поставени во V конфигурација, со twin турбо технологија и вкупно 699 kW / 950 КС.

Покрај тоа, автомобилот ќе има и каросериски панели од јаглеродни влакна, додека можниот изглед на новиот LFA можете да го видите на овој неофицијален рендер.

Ќе видиме дали предвидувањата за тајмингот ќе се остварат бидејќи кризата предизвикана од пандемијата на Covid 19 вирусот предизвика бројни поместувања и одлагања на зацртаните рокови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС