Наследникот на McLaren F 1 можно веќе на Le Mans 2021

Помеѓу тркачките автомобили  во новата најсилна категорија, што на трките на издржливост од 2021 година ќе продолжи таму каде што застанаа LMP1 прототип моделите, покрај најновите модели на Toyotа, Aston Martin и SCG би требало да се појави и модел зад кој стои и познатиот конструктор од Британија  Гордон Мареј (Gordon Murray)…

Зад проектот T.50 се крие духовниот наследник на F1 моделот на McLareno што исто така го носи потписот на Мареј, a чие тркачко издание на единствениот класик на Французите во 1995 година стасал на највисокото место на подиумот во генералниот пласман.

Во компанијата  Gordon Murray Automotive велат дека и T.50, исто како и McLaren F1, ќе биде модел со централно поставено седиште на возачот, a поради  правилата на FIA за новата WEC (World Endurance Championship) категорија на автомобили во верзијата за користење на јавни патишта ќе мора да биде произведена во најмалку 20 примероци.

Моделот T.50 (за кој Мареј тврди дека ќе биде најлесниот и најдобриот ултра спортски автомобил на сите времиња) ќе биде задвижуван од централно инсталиран бензински атмосферски мотор на Cosworth, со работен волумен од 3,9-литри, со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква „ V“, со моќ од 650 КЅ испорачани при 12.100 врт/мин.

Преносот на силата на тркалата од задната оска ќе се одвива преку рачен менувач на брзини со шест степени на пренос, a спомнатиот потенцијал на агрегатот ќе биде задолжен да се справи со маса од само 980 kg, колку што ќе тежи ултра спортскиот модел.

 

A цената на моделот наменет за јавни патишта, само 2,5 милиони британски фунти (односно околу 2,8 милиони евра)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Audi TT со средишно вграден мотор!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Парламентот во Германија пресече на Autobahn и натаму без лимит на брзина

Најавен Morris JE – електрично комерцијално возило

Од Waymo најавија автономно возила без контролен возач!

Пристигнува Porsche што лета!

Renault со конкурент на Tesla и VW

И Punto би заживеал повторно ако Fiat се здружи со Renault

Peugeot потврди pick -up камионет !