Натпреварувањето во Twingo Cup продолжи со трката на Ушќе

Натпреварувачот Давид Малиновски ја оствари својата  премиерна победа на годинешниот TWINGO CUP…

По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки, вчера, на патеката „Ушќе“ во Белград , триумф на Давид Малиновски во рамки на TWINGO CUP – натпреварувањето.

Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути, пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди.

Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.

Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски.

Тројца возачи не ја завршија трката: Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.

Натпреварувањето во TWINGO CUP продолжува со петтата трка сезонава, што ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Фернандо Алонзо – губитник на 10-та етапа со тумбање во трипл „салто“!

Rally Dakar – „испари“ прeдноста на Сајнц !

Dakar Rally 2020 ја зема првата жртва- загина Португалецот Пауло Гонкалвес

По Cајнц и Петерхансел со втора победа во Dakar 2020

Сајнц освои втора етапа од шесте досегашни на годинешниот Dakar

Dakar Rally четири дена четири победници!

Третиот ден на Dakar Rally во знакот  на Шпанецот Сајнц!