Ндминати најголемите очекувања: нарачани над  30.000 Porsche Taycan

Електричниот спортсит од Цуфенхаузен Taycan стана многу попопуларен од тоа штово Porsche го очекуваа за што најсликовито говори податокот дека, досега, на Стариот континет над 30.000 купувачи пројавиле интерс за него..

Секој од заинтересираните уплатил по 2.500 евра за својот нов Porsche Taycan, а една третина од истите веќе направиле нарачки со спецификации, рекол извршниот директор Оливер Блум,  признавајќи дека електричниот седан навистина ги надмина очекувањата на германскиот производител.

Првите испораки на Taycan се веќе на пат кон дилерите ширум светот, а списокот за чекање на овој модел би можел да потрае , бидејќи компанијата планира да испорача 20.000 единици до 2020 година.

Но, производството во фабриката во Штутгарт може да се зголеми по следната година, со цел да се држи чекор со побарувачката.

Како ривал на Tesla Model S, Porsche Taycan во својата најагилна форма, Turbo S, доаѓа со електричен мотор кој произведува 750 КЅ и вртежен момент од 1,050 Nm со овозможена Overboost функција.

Забрзувањето од 0, до 100 km/h го постигнува за само 2,8 секунди, додека пак од 0 до 200 km/h забрзува за 9,8 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 260 km/h.

Со едно  полнење на батеријата, Taycan Turbo S има автономија на возење од 412 kmи според WLTP циклусот со почитување на сообраќајните прописи.

Полнењето на батерискиот пакет од 93,4 kWh, до 80 %, со полнач од 270 kW, може да се изврши за 22,5 минути….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава