Не е лажна вест- Formula 1 од 2020 година ќе се вози во Виетнам

Првата голема награда на Виетнам ќе се одржи за две години поточно во 2020-та со цел на проширување на најпрестижното  автомобилско натпреварување

Голема новина во Formuli 1, е тоа дека октанскиот караван во 2020 година ќе има уште една дополнителна станица во Виетнам.

Тоа би требало да биде четвртата по ред трка во таа сезона, и сега е повеќе од јасна мислата на сопственикот на ова натпреварување за пазарната експанзија на истото.

Интересно, патеката ќе минува низ центарот на Ханој,  главниот град на Виетнам, a еден круг ќе биде долг 5565 метри.

Патеката ќе има прави делници подоги од еден километар каде ќе може да се постигнуваат брзини од 335 km/h.

И не треба да се спомнува колку трката ќе влијае на добриот имиџ на оваа држава со бурно минато.

Како и да е ние добиваме уште една потврда дека Formula 1 е глобален феномен кој секаде е прифатен со воодушевување не само на поклониците на брзините и адреналинските возбудувања, туку и на бизнисмените бидејќи секогаш значи можност за голема заработувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020