Не Teasla, ами Nikola Tre, e прв камион на струја што доаѓа во Европа

Потполно електричната верзија на Iveco S-Way, Nikola Tre претставува најнов проект на Nikola Motor и Iveco што на своите сопственици ќе им понуди автономија во експлоатација со едно полнење на батериите од респектабилни 400 km!

И со тоа не Tesla, туку Nikola Tre е првиот камион – влекач на струја што е плод од соработкаатаа помеѓу Nikola и Iveco, кои пред само неколку месеци и официјално го потпишаа партнерството е првиот електричен шлепер што ќе „стопанисува“ низ Европа!.

Двата производители ги здружија силите така што основата за електричниот камион доаѓа од Iveco, како специјалист за товарни возила со конвенционален погон, а пак од Nikola беа задолжени за современите технолошки решенија кои вклучуваат и алтернативен погонски систем на струја.

Така во Европа победува втората компанија што го користи името на славниот научник од регионот Никола Тесла (втората е претпоставувате Tesla Motors).

Како што навестивме Nikola Tre е базиран на класичниот Iveco S-Way камион што летото беше претставен во Мадрид, па не е ни чудно што двете возила имаат речиси идентична надворешност.

Поинакво е, секако, логото – наместо натписот Iveco, тука е голема оцветлена буква „N“, како симбол на брендот Nikola, потоа предна маска што исто така свети , а воочливи се и новите LED дневни светла.

Сепак, најважните промени се кријат под одеждата од лим на овој шлепер. Имено, Nikola Tre е опремен со модуларни погонски батерии со максимален капацитет од 720 kWh, кои можат да се прилагодат на потребите на нарачателот на камионот.

Верзијата претставена на премиерата е наменета за регионален сообраќај, односно превоз на стоки на средни дистанци, и нуди автономија во возењето до 400 km.

Електричниот погонски систем располага со 480 kW (653 КС) и максимален момент на од 1.800 Nm и тоа веќе од самиот старт односно од речиси 0 (нула) вртежи!

Камионот може да има две или три оски и носивост од впечатливи 18 до 26 тона.

Производната верзија на моделот Nikola Tre ќе дебитира на саемот за комерцијални возила во Хановер, во претстојната 2020 година, а првите испораки, ако се се одвива според планираното би требало да се реализираат во 2021-та.

Од  компанијата Nikola пристигнува уште една интересна информација,а тоа е дека шлеперот е вовед во следната фаза кога се очекуваат и електрични камиони со водородни горивни ќелии (FCEV), но тие нема да се појават на пазарот пред 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава