Недостатокот на чипови ќе се „смири“ оваа 2023 но не од „здрави“ причини

Недостатокот на чипови, кој веќе некое време влијаеше на автомобилската индустрија, флуктуираше помеѓу добри и лоши вести во изминатата година, а според сите сметки оваа игра ќе продолжи и во трлпвната 2023 година…

Според индустриските аналитичари, ситуацијата би требало да се стабилизира оваа година, иако тоа не значи дека тоа е добрата вест која сите ја очекуваат.

Како што светот се ослободи од „оковите“ на пандемијата, почна да се соочува со недостиг на полупроводници. Автомобилската индустрија беше меѓу најтешко погодените од кризата, бидејќи технолошки напредните сектори го презедоа лавовскиот дел од производството на микрочипови. Ова се случи првенствено затоа што производителите на автомобили го затвораа производството во фабриките, додека продажбата на електронски уреди експлодираше, па фокусот на индустријата за чипови речиси целосно се префрли на нив. Ситуацијата беше комплицирана од фактот што производителите на автомобили користат помалку напредни чипови во возилата, додека технолошкиот сектор во меѓувреме значително напредуваше.

Сега сме сведоци на сигнали кои укажуваат на тоа дека автомобилската индустрија конечно ќе ги надмине тешкотиите во синџирот на снабдување следната година, вклучително и недостигот на електронски компоненти. Тоа сигурно ќе се случи, бидејќи трендот што го започна недостигот на чипови ќе се промени. Додека автомобилската индустрија ја притискаше педалата за гас, производителите на електронски уреди ја притискаа педалата на сопирачката, па се очекува нов редослед на настани, што би можело да биде од корист за производителите на автомобили и нивните клиенти.

Ова ги наведе аналитичарите да предвидат дека снабдувањето со чипови во автомобилската индустрија ќе се подобри во наредните години. Според AutoForecast Solutions, недостигот на микрочипови ќе резултира со помалку од три милиони возила да бидат повлечени од производствените распореди на производителите во 2023 година. Оваа бројка означува значително подобрување во однос на оваа година, кога 4,55 милиони возила беа повлечени од производствените распореди, по 10,5 милиони единици на изгубеното производство во 2021 година.

Подобрената перспектива се повторува и од други извори од индустријата, кои сметаат дека зголеменото инвестирање во капацитетот за производство на микрочипови е позитивен фактор што придонесува. Особено Кина спроведува многу агресивен план за забрзување на производството на електрични компоненти. Сепак, постои уште еден фактор што ја прави оваа вест помалку пријатна.

Имено, според Automotive News, аналитичарите гледаат силни сигнали кои укажуваат дека може да дојде до рецесија во 2023. Ваквиот развој на настаните би ја намалил побарувачката за нови возила, што би резултирало со очекувано намалување на производството на автомобили. Со тоа ќе се олесни ограничената достапност на чипови, при што предметните намалувања веројатно ќе ги засенат загубите во производството предизвикани од недостигот на компоненти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cadillac за оваа 2023 најавува три електрични автомобили

Нова Honda Inspire

Toyota ќе ја забрза електрификацијата

Германците предвидуваат доминација на EV но истите не ги сметаат за посакувани

Alfa Romeo конечно делува како премиум марка

Бензините поскапуваат, додека дизелот поевтинува

Електричниот наследник на Opel Grandland пристигнува идната година

Најпродавани EV на планетава во 2022 година- лидер е Tesla

Германија нема да го блокира кинескиот BYD при евентуалното преземање на фабриката на Ford