Недостигот на автомобили ќе трае подолг период

Судејќи според наодите од студијата подготвена од германскиот центар за истражување на пазарот на автомобили, потрошувачките цени на новите возила растат, а исто така и пазарот на автомобили кои веќе имале еден или повеќе сопственици (користените – половни возила) потпаднал под овој „непопуларен“ кај купувачите тренд….

Германските медиуми често ги цитираат размислувањата на Фердинанд Дуденхофер, автомобилски експерт кој земал плата од споменатиот CAR центар, а во врска со ова истражување изјавил дека во иднина ќе продолжи со недостигот од нови автомобили.

Како резултат на овие околности, цените на новите возила ќе растат, додека вообичаените кампањи на производителите, при кои возилата се нудат со попусти, дополнително ќе се разредуваат и ќе бидат помалку привлечни за потенцијалните купувачи.

Во својот редовен месечен извештај, овој пат во ноемврискиот број, CAR наведува дека сите показатели укажуваат дека новите патнички автомобили ќе останат реткост на пазарот, што ќе доведе до влошување на положбата на купувачите кои сакаат да го обноват својот возен парк, дури и ако тоа е идејата за враќање на поседувањето на нов или користен примерок (миленик) на четири тркала.

„Автомобилите и понатаму стануваат реткости и вредни парчиња имот“, рекол Дуденхофер.

Конкретно, попустите што се нудат онлајн при купување на ново, конфигурирано возило се намалени во просек на 16,9% во однос на каталогот, односно прикажаните цени.

Позицијата на купувачите дополнително ја влошува фактот што производителите и дилерите регистрирале помал број таканаречени тест, компаниски или демо возила, за подоцна да ги понудат на пазарот како речиси нови, и под посебни – поволни услови.

Автомобилот можеше да се добие и со воспоставување претплатнички однос, но тоа е многу скап начин за набавка на автомобил, а покрај тоа и оваа понуда вклучува и драстично помал број на модели.

Клиентите кои се навикнати на овој (најскап и најнеповолен) начин на „купување“ на автомобил, а кој во пактот ги вклучува и трошоците за одржување и осигурување, исто така се принудени да чекаат подолго за да го преземат посакуваното возило.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година