Нема чипови – нема производство во фабриките на Škoda во Чешка

Поради глобалниот недостаток на чипови, чешкиот производител на автомобили  Škoda Auto ќе го ограничи или целосно ќе го запре производството на автомобили во сите три фабрики во Чешка од 18 октомври до крајот на годината…

Суспензијата на производството може сериозно да ја погоди чешката економија, бидејќи Škoda Auto, која е дел од групацијата Volkswagen, придонесува со пет проценти во чешкиот БДП, но исто така сочинува девет проценти од чешкиот извоз, пренесува Euractiv.

Производството претходно беше прекинато во септември за една недела од истата причина.

Недостатокот на полу проводнички чипови го зафати целиот автомобилски сектор во светот, а европските производители зависат од азиското производство, кое опаѓа поради пандемијата на корона вирус.

“Очекуваме дека производството на полу проводници постепено ќе се рестартира во втората половина на 2022 година.

Целата ситуација со недостатокот потоа треба да се смири”, рече директорот за комуникации на Škoda Auto, Томаш Котера. Тој посочува дека приоритет за компанијата е да обезбеди работа и надомест за работниците во фабриката и додава дека вработените земаат 85% од платата.

Чиповите се стратешки компоненти на дигитализиран свет, и додека нивното производство во азиските земји е ограничено, побарувачката за нив расте во целиот свет.

Европската комисија претходно објави дека ќе воведе „европска регулатива за чипс“, што треба да влијае на зголемување на производствените капацитети во Европа и да ја зголеми меѓународната соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период